• Мартин Танасковски
Македонските репрезенти на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година, Игор Стојчевски и Филип Поповски, добија нови задачи во второто коло.
Игор Стојчевски повторно ќе биде четврти судија, по дуелот меѓу Италија У21 и Романија У21, нашиот арбитар ќе се најде на дуелот меѓу Шпанија У21 и Романија У21 кој се игра во Братислава. Стојчевски ќе ја има улогата на четврти судија.
Филип Поповски, пак, ќе ја има делегатската задача на натпревар во Трнава. Таму ќе се судрат селекциите на домаќинот Словачка и Италија.