Филип Најдовски избран во идеалниот тим за 2023 година во Албанија

Македонскиот интернационалец Филип Најдовски, кој веќе трета година е дел од албанскиот прволигаш Тирана, е избран во идеалниот тим за 2023 година во тамошното првенство. 

31-годишниот Најдовски во 2020 година премина во Тирана од редовите на скопски Вардар и оттогаш запиша 107 настапи за албанскиот клуб, а неговите добри игри годинава не останаа незабележани од челните луѓе во албанскиот фудбал и си заработи место во идеалниот состав за изминатата година. 

Најдовски е стандарден првотимец во Тирана и досега сезонава настапи на вкупно 22 натпревари, a постигна и два гола. Кариерата ја започна во Цементарница 55, а потоа играше уште за Напредок, Тетекс, Победа и Вардар.