Филип Костиќ потпиша за холандски гигант и повторно ќе игра во ЛШ!

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ е нов фудбалер на ПСВ Ајндховен, потврди актуелниот шампион на Холандија.

33-годишниот крилен напаѓач потпиша договор до летото 2028 година, откако по истекот на договорот со Јувентус пристигна како слободен играч.

За Костиќ ова претставува враќање во холандскиот фудбал по 12 години. Од 2012 до 2014 година настапуваше за Гронинген, а потоа кариерата ја продолжи во германската Бундеслига.

Во текот на кариерата ги бранеше боите на Раднички Крагуевац, Гронинген, Штутгарт, Хамбургер, Ајнтрахт Франкфурт, Јувентус, а минатата сезона ја помина на позајмица во Фенербахче.

Со трансферот во ПСВ Ајндховен, Костиќ ќе има можност повторно да настапува во Лигата на шампионите, бидејќи клубот од Ајндховен минатата сезона ја освои титулата во холандското првенство. За репрезентацијата на Србија досега има 64 настапи и три постигнати голови.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.