Филип Коку се восхитува на талентот на Елмас

Филип Коку, еден од најдобрите холандски фудбалери во историјата од пред извесен период е нов предводник на Фенербахче, клуб за кој од ланската сезона настапува нашиот репрезентативец Ељиф Елмас. 

Коку важи за стратег кој се потпира на млади и надежни фудбалери, а турските медиуми ги пренесуваат неговите први впечатоци од работата и талентот на нашиот Елмас. Според истите, холандскиот стратег бил импресиониран од начинот на работа и залагање на тренинзите на Елмас, а покрај него пофални зборови имал и за  поискусните Мехмет Екичи и Жозеф Де Соуза. 

Коку нагласил дека 18-годишниот Елмас поседува голем талент, знае во вистински момент да направи вистинско проигрување, а фантастично играл без топка, што е еден од клучните сегменти во тактиката на Холанѓанецот. 

Со доведувањето на Коку се верува дека Елмас со сигурност ќе остане во Фенербахче и ќе ја добие потребната минутажа за докажување, која не ја доби од претходниот тренер Кочаман.