Глигоров и Белица во најскапиот тим на албанската Суперлига

Поранешниот фудбалер на Шкупи и Силекс, Филип Глигоров игра во албанската екипа Влазнија, каде што тренер му е поранешниот селектор на Македонија, Мирсад Јонуз. 

Сега на само неколку денови пред стартот на јануарскиот трансфер период, албанските медиуми ја објавија најскапата 11-ка во Суперлигата. Македонскиот интернационалец си најде свое место како највреден десен бек во првенството на Албанија. Покрај него во најскапиот тим место имаше за уште eден македонски дефанзивец, Егзон Белица, кој настапува за Партизани Тирана.

Десниот бек летово прејде во Албанија, по само една сезона во Калараси, Романија. Тој запиша десет настапи за Влазнија и два пати асистираше. Инаку тимски колега му е уште еден интернационалец, Александар Ристевски кој играше за Пелистер, Победа, Ренова, Скопје, Металуг и Младост Царев Двор.

Белица пак во редовите на Партизани пристигна од редовите на летонска Рига. Стружанецот низ кариерата беше дел и од фински Интер Турку, Шкендија, Работнички, Охрид...