Филип Глигоров си замина од Влазнија, но ќе остане во Албанија

Македонскиот интернационалец Филип Глигоров повеќе не е дел од албанска Влазнија, но ќе остане и понатаму во првенството кај нашиот западен сосед.

Дефанзивецот кој има 26 години не тренирал со Влазнија во изминатата седмица и ќе си замине од тимот. За него постои интерес од редовите на Лачи, па така, Глигоров може да не ја менува лигата.

Десниот бек во Албанија пристигна од Романија каде настапуваше за Калараши, а исто така беше дел од Силекс, Шкупи, Еуромилк, Работнички, Олимпик Сарајево, Саморик, Баник Ружина...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк