• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Филип Глигоров ќе има нов клуб затоа што се раздели со албанскиот суперлигаш Кукс.
28-годишниот десен бек потпиша за Кукс во месец јануари, но по шест месеци дојде до разделба на двете страни. Глигоров беше редовен првотимец во Кукс и од јануари пропушти само еден дуел во Суперлигата, кога против Партизани беше на клупата.
Глигоров на домашната сцена играше за Работнички, Еуромилк, Шкупи и Силекс, додека во странство покрај за Партизани и Кукс од Албанија, настапуваше уште за Влазнија, Дунареа Калараши од Романија, босански Олимпик, како и словачките Саморик и Бањик Ружина.