Филип Глигоров пред разделба со албански Партизани

Македонскиот фудбалер Филип Глигоров веројатно ќе има нова средина уште оваа зима затоа што е пред разделба со албански Партизани од Тирана.

28-годишниот играч од средниот ред во тимот на Партизани пристигна пред шест месеци и стави потпис на договор до 2023 година, но тој може да се раскине порано од предвиденото. Глигоров одигра вкупно 14 натпревари за екипата, ама на последните три меча не е во составот.

Десниот бек во тимот на Партизани пристигна од Шкупи, а претходно во Македонија играше и за Силекс, Еуромилк и Работнички, додека во странство беше дел од романска Дунареа, босански Олимпик, како и словачките Саморин и Бањик Ружина.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк