Филип Глигоров го засили Партизани од Тирана

Продолжува тенденцијата за трансфери на македонските фудбалери во соседна Албанија. По Теута, сега од ПМФЛ пазари и Партизани. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Глигоров од вечерва е нов фудбалер на албанскиот клуб Партизани од Тирана.

Глигоров заминува од Шкупи, откако минатата сезона одигра 28 натпревари и постигна еден гол за чаирчани. 

Десниот бек во Албанија настапуваше за Влазнија, каде пристигна од Романија, земја во која настапуваше за Калараши. Искусниот фудбалер исто така беше дел од Силекс, Шкупи, Еуромилк, Работнички, Олимпик Сарајево, Саморик, Баник Ружина...