Филип Гачевски прослави јубилеј во дресот на Вардар

Повратникот во дресот на Вардар, Филип Гачевски, на натпреварот против Кадино во ВМФЛ-Запад прослави јубилеј во „црвено-црниот“ дрес.

Поранешниот капитен на најтрофејниот македонски клуб и член на „златната генерација“ на македонскиот фудбал која играше во групите на Лигата на Европа дојде до бројката од 150 настапи во клубот.

Пред мечот против Кадино, голманот доби плакета и врамен дрес во знак на мала почит поради клупскиот јубилеј.