Филип Гачевски останува на Кипар, желба е на два клуба

Македонскиот голман Филип Гачевски не успеа да го спаси Енозис и покрај добрите партии. Тимот испадна во втората лига, а повеќето од играчите си заминуваат, меѓу нив и нашиот чувар на мрежата.

Гачевски пристигна во Кипар пред стартот на оваа сезона, а имаше повеќе блескави партии и интервенции. Кипарскиот медиум „Бала“ пишува дека за голманот кој беше редовен меѓу стативите на Енозис има интерес од оваа земја, од два топ-клуба.

Имињата засега не се откриени, а неофицијално, еден од нив е некогашниот шампион и кипарски гигант АПОЕЛ Никозија. Повеќе информации на оваа тема ќе следат во месец јуни.

30-годишниот Гачевски во Енозис пристигна од редовите на Вардар, а претходно играше за штипска Брегалница, австриски Луштенау и Капфенберг, како и словенечка Мура.