Признание за добрите партии: Гачевски е трета „златна ракавица“ на Кипар

Македонскиот голман Филип Гачевски доби признание на Кипар и е прогласен за трет најдобар голман на полусезоната.

Се работи за изминатите 13 натпревари во кипарското првенство, пред последната фаза од разигрувањето. Гачевски одлично бранеше за Енозис, имаше пет „чисти мрежи“ и неколку одбранети пенали и го доби третото место.

Прво име на листата е голманот на Анортозис, Гиорги Лорија, со осум натпревари без примен гол, додека второто место му припадна на Фабиано од Омонија.

Филип Гачевски поради добрите настапи за Енозис веќе е на радар на неколку клубови, па нема да биде изненадување доколку ова лето направи трансфер во некоја поголема средина.