Филип Деспотовски е нов тренер на второлигашот Кожуф

Македонскиот фудбалски второлигаш, Кожуф, официјално го претстави Филип Деспотовски како нов тренер на тимот, кој веќе пристигна во Гевгелија и го одработи првиот тренинг со играчите. 

Деспотовски официјално ќе започне со ангажманот од понеделник и ќе се обиде да го поправи впечатокот од есенскиот дел на сезоната, во кој тимот забележа седум победи и дури осум порази. 

Од управата му посакаа топло добредојде на новиот стратег и објавија дека првиот тренинг минал во позитивна атмосфера, со надеж дека го направиле вистинскиот избор за клупата. Последен тренерски ангажман за Деспотовски беше во Најран од Саудиска Арабија.