• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Филип Бошковски е нов член на албанскиот Фламуртари, потврди клубот. Трансферот го реализира неговиот агент Мирко Ивановски, па десниот бек пак ќе заигра во странство.
Десниот бек му се приклучува на тимот во пресрет на новата сезона и ќе претставува засилување за одбранбената линија на клубот.
Бошковски е роден на 28 октомври 2000 година, висок е 179 сантиметри и настапува на позицијата десен бек.
Со овој трансфер, 25-годишниот македонски фудбалер ќе има нов предизвик во својата кариера, по настапите за Пелистер и Работнички во Македонија, како и Самтредија во Грузија.

