Филип Антовски на проба во Австрија Виена

Македонскиот лев бек Филип Антовски се наоѓа на проба во Австрија Виена каде доаѓа по добрата авантура во Бугарија.

20-годишниот Антовски, кој е во сопственост на Динамо Загреб, имаше одлични настапи за Славија Софија. По крајот на позајмицата, Македонецот замина на проба во Виена каде ќе се обиде да ги демонстрира своите квалитети и да си обезбеди трансфер.

Филип Антовски е „дете“ на Вардар, а бесплатно си замина од најтрофениот македонски клуб во 2019 година кога се пресели во Динамо Загреб. Оттогаш играше за вториот тим на Динамо, а беше позајмен во Славија Софија за која одигра 29 натпревари и забележа три асистенции.

Играчот кој е роден 2000 година веќе одигра едно полувреме за Австрија Виена во пријателски натпревар.