• Мартин Танасковски

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Филип Антовски, официјално ѝ се приклучи на бугарска Славија Софија во чии редови ќе мине една година како позајмен.
19-годишниот лев бек ќе игра во бугарскиот шампионат, па повторно ќе се врати во Загреб. Македонецот веќе е во Софија, а го имаше и првиот тренинг со тимот. Се очекува Антовски да има минутажа и првотимско искуство.
Филип Антовски беше во екипата на Вардар, но си замина пред две сезони. Со хрватските „модри“ тој играше во младинската Лига на шампиони.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.