Фил Невил не е повеќе тренер на Портланд Тимберс

Поранешниот репрезентативец на Англија, Фил Невил, спогодбено го раскина договорот со клубот од американската МЛС лига, Портланд Тимберс, по лошиот старт на сезоната. Раководството на клубот спогодбено се раздели со Англичанецот.

Некогашниот англиски репрезентативец беше на клупата на Портланд три години, но во првите 14 натпревари од оваа година забележа само четири победи и го остави тимот на 13. место во Западната конференција.

Невил ја напушти клупата на Портланд на првиот ден од репрезентативната пауза поради претстојното Светско првенство, кое ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.