Фил Невил ќе биде новиот англиски селектор, но на женската репрезентација

Фил Невил деновиве ќе биде назначен за нов англиски селектор, но на женската репрезентација. Поранешниот репрезентативец ќе го наследи Марк Семпсон, кој доби отказ во септември минатата година.

Невил, кој собра 59 настапи за англиската репрезентација, за првпат самостојно ќе работи, откако претходно беше помошник на Дејвид Мојс и Гери Невил во Манчетер Јунајтед и во Валенсија.

40-годишниот Невил одби пак да соработува со Мојс како помошник во тимот на Вест Хем и за првпат самостојно ќе се обиде како менаџер.

Во играчката кариера, Фил Невил носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед ги освои сите клупски трофеи, а го носеше дресот и на Евертон.