Фиго: Хрватска може да го освои СП, Модриќ е меѓу најдобрите на светот

На островот Хвар се одржа состанок на Извршниот одбор на УЕФА, а се разгледуваа повеќе теми. Еден од говорниците на овој собир беше легендарниот фудбалер на Реал Мадрид кој играше и за Барселона, Луис Фиго. 

Португалецот, обраќајќи им се на домаќините (Хрватите), кажа дека смета дека селекцијата која ја води Златко Далиќ има потенцијал да биде светски првак. 

„Мислам дека Хрватска е потенцијален кандидат да го освои Светското првенство. Имаа голема шанса на минатото, мислам дека можат да работат и да се трудат да бидат што подобри и подобри, тие имаат сериозни играчи.

Сметам дека Модриќ е еден од најдобрите на светот. Заслужува успеси, сите треба да бидат горди на него. Не знам како му успева да биде на тоа ниво во континуитет сите овие години. Му посакувам да ужива во фудбалот и понатаму на ова ниво“, кажа Фиго. 

Хрватска во моментов е актуелен вицепрвак. На минатиот Мундијал во Русија „коцкестите“ над сите очекувања дојдоа до финалето и загубија од шампионот Франција. Сега во Катар се наоѓаат во групата Ф со селекциите на Белгија, Канада и Мароко