ФИФА тргна фудбалер од рекламата за СКП заради нараквица со Палестина

Египетскиот фудбалер Хусеин Ел Шахат е отстранет од сите промотивни материјали поврзани со Клупското светско првенство, откако на натпреварот носел нараквица со натписот „Ослободете ја Палестина“, објави новинарката на The Athletic, Лајла Хамед.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека не сака спортот да се поврзува со воени конфликти и политички пораки, и затоа настојува да ги избегнува ваквите случаи во јавниот простор.

Ел Шахат е еден од клучните играчи на египетскиот гигант Ал Ахли, со кој има освоено пет национални титули и четири пехари од Лигата на шампиони на Африка.

Зад себе има и настапи за египетската репрезентација. На отворањето на турнирот, Ал Ахли одигра нерешено против Интер Мајами.