ФИФА размислува за санкции на Албанија и Унгарија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги анализира извештаите од натпреварите во кои имаше инциденти во рамките на квалификациите за Светското првенство. 

На дуелите на „Вембли“ меѓу Англија и Унгарија, како и во Тирана меѓу Албанија и Полска дојде до инциденти со фановите. Унгарските навивачи во Лондон влегоа во „клинч“ со редарите, а реагираше и полицијата за да се спречи поголем инцидент. Проблемите започнаа кога Унгарците го исвиркаа потегот на Англичаните кога клекнаа во знак за борба со расизмот. 

Во Албанија пак, домашните фанови си пластични флаши фрлаа по полските фудбалери откако примија гол . Натпреварот беше прекинат околу дваесет минути, а потоа беше продолжен откако беа создадени услови за доигрување. 

ФИФА со сигурност ќе им врачи казни на фудбалските сојузи на Унгарија и Албанија, но нејасно е колку ќе бидат сериозни.