ФИФА потврди дека ќе користи нова технологија за офсајд на СП 2022

ФИФА

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави дека ќе користи полу-автоматска офсајд технологија на Светското првенство во Катар во 2022 година. Ова е одлучено за да се намалат грешките и времето на разгледување ВАР-снимката.

Овој систем ќе се користи на сите 64 меча на турнирот. Новата технологија за офсајд одлуки последен пат беше тестирана на Арапскиот Куп и Светското клупско првенство во февруари.

„Подготвени сме да го искористиме новиот систем. Задоволни сме од резултатите од тестот, па сакаме да продолжиме со иновирање во фудбалот. Работиме за носење на точни одлуки и намалување на грешките“, изјави главниот судија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина

Сигнал од 500 херци во топката и десетина камери кои ги снимаат движењата на играчот преку податочни точки ќе се користат за снимање на позицијата на фудбалерите кои можеби се во офсајд уште попрецизно од претходно. Податоците ги проверува видео асистент и веднаш ги проследува до судијата на теренот.

Досега, офсајд проверките траеле околу 70 секунди, а со новиот систем тие би можеле да се намалат на околу 25 секунди.