• Иван Димовски

ФИФА покрена дисциплинска постапка по расистичкиот инцидент кој се случи за време на осминафиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Аргентина и Египет, а во центарот на вниманието се најде познатиот јутјубер „IShowSpeed“.
Инцидентот се случи на трибините за време на натпреварот во кој Аргентина со голем пресврт славеше со 3-2 и обезбеди пласман во четвртфиналето. Популарниот јутјубер, кој редовно присуствува на натпреварите од Светското првенство и е познат како голем навивач на Кристијано Роналдо, средбата ја следеше облечен во дрес на Египет.
Тоа ги натера аргентинските навивачи кои беа близу да ликуваат кога нивната селекција водеше. Еден од нив за време на провокациите расистички го навредил јутјуберот имитирајќи мајмун. Спорниот момент беше забележан во преносот на „IShowSpeed“ и бргу се прошири на социјалните мрежи, по што ФИФА отвори постапка поради можно прекршување на дисциплинските прописи поврзани со расизам и дискриминација.
Засега не се соопштени дополнителни детали околу постапката што ја води светската куќа на фудбалот.







