ФИФА одлучи: Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Првото историско Светско клупско првенство за жени би требало да се состои од вкупно 16 тимови, а истото ќе се одигра од крајот на јануари, до почетокот на февруари 2026 година, одлучи денес Советот на меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). 

Сѐ уште не е познато која земја ќе биде домаќин на турнирот, но се знае дека ова натпреварување ќе се одржува на секои четири години. 

„Сите детали ќе бидат регулирани навремено и наскоро јавноста ќе дознае повеќе околу првото Светско клупско првенство во женска конкуренција. Со овој потег, се надеваме дека ќе придонесеме за уште поголем развој на женскиот фудбал“, стои во соопштението на ФИФА. 

Извршниот одбор донесе одлука и за формирање на уште едно натпреварување кај дамите, а дополнителни детали се очекува да бидат објавени во текот на следната година.