ФИФА објави цени на билетите за СП: Поевтини беа само на Мундијалот во 1986

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави цените на билетите за групната фаза на Мундијалот, кој што во ноември оваа година ќе се одигра во Катар. Така, најевтините ќе изнесуваат 61 долар, додека за елиминациската фаза започнуваат од 85 евра.

„Асошиетед прес“ наведе дека ова се најевтините билети од Светското првенство во 1986 година, кое се одржа во Мексико. Колку за споредба, најефтиниот билет на последното Светско првенство во Русија чинеше 92 евра. Сепак, постои улов. Билетите се поделени во категории, од кои првите три се за странци, додека четвртата, најефтината, е за локалното население.

Пријавувањето за влезници започнува во среда на 19 јануари и ќе трае до 8 февруари.

Отворање: 546/388/267/49 евра
Групна фаза: 194/145/61 /
Осминафинале: 242/182/85/17
Четвртфинале: 376/254/182/73
Полуфинале: 844/582/315/121
Трето место: 376/267/182/73
Финале: 1.418/885/533/182

Светското првенство ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во Катар.