ФИФА никако да здивне од скандали: Член од маркетинг призна земање на мито

Рафаел Калјехас член на маркетиншкиот дел на ФИФА призна дека е крив поради обвинувањето дека земал мито. Поранешниот претседател на Хондурас со своето признание продолжи да ја тресе ФИФА по низата скандали која ја тресат светската фудбалска куќа.

Тој пред американскиот федерален суд призна дека е крив и нагласи дека дел од парите ги земале и други личности. Во обвинувањето се наведува дека во 2012 година маркетиншка фирма префрлила 500.000 долари во некоја банка, а подоцна тие пари би требало да се користат за мито за Калјехас во замена за телевизиски права од квалификации за Светското првенство во 2022 година.

Претходно Калјехас ги отфрли обвинувањата дека е крив заради рекетирање и лажење преку интернет. Рафаел на чело на претседателската функција на Хондурас се задржа од 1990 до 1994 година.