ФИФА не простува, Партизан доби нова забрана за регистрација на фудбалери

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) повторно изрече суспензија за српскиот клуб Партизан, овој пат поради неподмирени долгови во висина од 270.000 евра. 

Ова значи дека белградскиот гигант нема да може да регистрира нови играчи почнувајќи од први јули годинава. Долгот во најголема мера е кон дел од кредиторите, а рокот за исплата беше на први јуни. 

Партизан не го испочитува дадениот рок, што автоматски ја активираше суспензијата од ФИФА, односно забраната за регистрација на нови засилувања. Од Српската фудбалска федерација изјавија дека досега немаат информации за поинаква одлука на ФИФА, што значи дека забраната останува на сила. 

ФОТО/PHOTO: Fudbalski klub Partizan/Facebook