ФИФА ќе води истрага околу трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед

Бруно

Екипата на Сампдорија е причината поради која ФИФА ќе започне истрага околу трансферот кој го однесе Бруно Фернандеш од Португалија во Премиер лигата.

Долгоочекуваното засилување пристигна во Манчестер Јунајтед од Спортинг, а претходно беше дел од калчолигашот. Токму при договорот за тој да биде дел од португалскиот прволигаш, била поставена клаузула која му носи 10% од секој нареден трансфер на тимот од Џенова.

ФИФА преку соопштение потврди дека ќе започне истрага и ќе го испита целиот случај.

„Сампдорија испрати жалба до ФИФА против португалскиот клуб Спортинг, во врска со финансиските обврски кои не ги добила од трансферот на Бруно Мигел Борхес Фернандеш во Манчестер Јунајтед“.

25-годишникот мина една сезона во италијанскиот клуб, пред да замине во Спортинг. Трансферот од соништата го направи оваа зима, кога заигра на „Олд Трафорд“ за 47 милиони фунти.