ФИФА ќе организира состанок за проектот „СП на секои две години“

ФИФА СП

ФИФА не се откажува од идејата да организира Мундијал на секои две години и ќе направи состанокт на 30 септември на кој се разговара за оваа тема.

Овие најави добија големи критики од јавноста, фудбалерите и од УЕФА, поточно од првиот човек Александер Чеферин. Нивната порака гласи дека најдобро за сите ќе биде да се сочува традицијата и да не се менува тековниот распоред на светските собири.

Аргументите кои ги користи ФИФА за да ја убеди пошироката јавност вклучуваат почеста квалитетна фудбалска забава и можност да се соберат повеќе средства за развој на играчи во посиромашните земји.

Меѓународниот календар за натпреварувања во машка и женска конкуренција истекува на крајот од 2023 година.