ФИФА ќе ги прифати одлагањата на ЕП и Копа Америка и ќе преговара за нов термин на СКП

ФИФА

Вчера, Европската куќа на фудбалот на вонредна видео-конференција донесе неколку одлуки, меѓу кои и одложување на Европското првенство, кое требаше да се одигра ова лето. Со новата одлука, европскиот шамапионат ќе се одржи во 2021 година, а исто така за следната година одложена е и Копа Америка.

Новите термини на континенталните собири ѝ направија „проблеми“ на ФИФА, која за следната година го планираше првото Светско клупско натпреварување со новиот формат, кое требаше да се одигра во Кина. Поради оваa промена, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, за утре закажа видео-конференција, на која ќе се прифатат одлужувањата на Копа Америка и ЕП, а ќе се разговара и за можните термини на одигрувањето на Светското клупско првенство. 

Како можни опции се споменуваат истото да се одигра кон крајот на 2021 или пак целосно да биде презакажано за 2022 година.

Исто така, Инфантино вети дека ФИФА ќе донира десет милиони американски долари на Светската здравствена организација, која се справува со вирусот ковид-19.