ФИФА како Супербоулот: Ќе организира „халф-тајм шоу“ во финалето на СП 2026!

Фудбалот од година во година се менува, се воведуваат нови правила, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави голема промена за финалниот натпревар на Светското првенство во 2026 година, кој ќе се игра во Њу Џерси на 19 јули.

По примерот на Суперболот, ФИФА на полувремето ќе организира „хајф-тајм шоу“, што значи дека наместо 15 минути, паузата меѓу двете полувремиња ќе трае 30 минути, со неколку ексклузивни изведувачи.

„Можам со голем ентузијазам да потврдам дека финалето во 2026 година ќе го има првото „хајф-тајм шоу“ во историјата на Светските првенства и дека е постигнат договор со првиот изведувач, бендот Колдплеј. Ова ќе биде историски момент за СП, а во наредниот период ќе продолжиме да преговараме за соработка со повеќе изведувачи. Сè ќе биде како што доликува на најголемиот спорт во светот.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три држави – Соединетите американски држави, Канада  и Мексико.