ФИФА испрати закана до хотелите во Катар кои не примаат хомосексуалци

ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) испрати официјална закана кон сите хотели кои ќе одбијат да прифатат престој на хомосексуалци за време на Светското првенство во Катар.

Дури 69 објекти нема да дозволат хомосексуалци да престојуваат во нивните соби за време на натпреварите. Причина за оваа одлука на сопстениците е фактот дека хомосексуалноста е забранета во Катар и може да донесе затворска казна до седум години.

ФИФА ќе побара од хотелите да примаат гости без да прават дискриминација. Во спротивно, тие ќе бидат избришани од листата со предлози на меѓународната фудбалска асоцијација.

Дополнително, ФИФА наведува дека континуирано ќе ги следи и оценува хотелите за време на Светското првенство.