• Горан Упале
ФИФА го суспендираше претседателот на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес на 90 дена, додека истрагата за неговото однесување за време и по финалето на СП за жени е во тек.
ФИФА соопшти дека Рубиалес е суспендиран од сите должности на 90 дена „во очекување на дисциплинската постапка“ што е започната против него во четвртокот.
Рубиалес одби да поднесе оставка во петокот на итната седница на Собранието на Шпанската фудбалска асоцијација, и покрај повиците да го стори тоа и острите критики од јавноста, шпанската влада и здруженијата на фудбалери и клубови. Тој ја бакна шпанската репрезентативка Џени Хермосо на победничкиот подиум по освоените шампионски титули во Сиднеј.
Во недела, на 20 август, во финалето на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд, Шпанија ја совлада Англија со 1-0 и за првпат во историјата ја освои титулата светски шампион во женска конкуренција.
Еден ден подоцна Рубиалес се извини за тоа и призна дека згрешил. Тој рече дека тоа е бакнеж меѓу „двајца пријатели кои слават нешто“, а тие што гледаат поинаку се „идиоти и глупави луѓе“.