ФИФА го блокира трансферот на Даци во Шкупи

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) не дозволи македонскиот фудбалер Ердон Даци да се пресели во Шкупи и една година да мине на заем во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Чаирчани се договорија со турски Коњаспор да го позајмат 20-годишниот напаѓач, меѓутоа турскиот тим го одложи праќањето на документацијата во Скопје и не ги запази предвидените рокови.

Од Шкупи побарале дозвола од ФИФА за фудбалерот да биде регистриран, но, сепак, до канцелариите на македонскиот тим дошол негативен одговор за трансферот, иако Шкупи ги има запазено сите процедури кои ги бара светската куќа на фудбалот.

Даци во минатото настапуваше за Вардар, а во Турција беше дел од Коњаспор и Ешкисехирспор.