ФИФА ги соопшти казните за Бразил и Аргентина поради прекинатиот меч во Сао Паоло

Меси Нејмар

Дисциплинската комисија на ФИФА донесе одлука во врска со прекинатиот меч од квалификациите за Светското првенство во Катар меѓу Бразил и Аргентина на 5 септември 2021 година.

По темелна истрага на различните факти и со оглед на важечките прописи, Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи натпреварот повторно да се игра на датум и место, кои допрва ќе бидат соопштени на јавноста.

Дополнително Бразилскиот фудбалски сојуз ќе мора да плати казна од 400.000 евра, а Аргентинската федерација ќе биде „олеснета“ за 125.000 евра. Заедничка ќе биде казната во висина од 40.000 евра, поради прекинот на мечот, а суспензија од два меча неиграње добија Емилијано Буендија, Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро.

Натпреварот во Сао Паоло беше прекинат од здравствените власти на земјата организатор по пет минути игра. Причина за ова беа важечките здравствени протоколи во Бразил, кои не ги исполнуваа неколку гостински играчи кои настапуваат во Премиер лигата.