• Иван Димовски
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го откри брендирањето на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Бидејќи тоа ќе биде 26. Мундијал, челниците одлучија токму тоа да се гледа во официјалното лого. Сигнализирајќи и дека годината ќе иде 2026, логото го содржат бројките два и шест, како и трофејот кој се доделува на шампионот.
Fifa unveiled the logo for the 2026 World Cup at a lavish ceremony in Los Angeles – but the presence of superstars like Ronaldo, who helped Gianni Infantino with the big reveal, rather overshadowed the plain, numerical design pic.twitter.com/8gM44OcjHN
— Guardian sport (@guardian_sport) May 18, 2023
Навивачите се во најмала рака револтирани и разочарани од едноставниот дизајн. Според многумина, ова е едно од најлошите логоа за Светските првенства, па поради тоа претрпе доста критики.