ФИФА ги потврди градовите домаќини за СП 2026, дури 11 се од САД

Светското првенство во фудбал во 2026 година од поодамна се знае дека ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а сега се познати и сите градови домаќини на овој планетарен собир.

Дури шеснаесет градови ќе ги пречекаат најдобриот светски селекции во Мундијалот, кој за првпат ќе има дури 48 селекции учеснички.

Во Канада тоа ќе бидат Торонто и Ванкувер, во Мексико Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј, а дури единаесет градови доаѓаат од Соединетите Американски Држави: Атланта, Сан Франциско, Бостон, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк/Њу Џерси, Филаделфија и Сиетл.

При објавувањето на градовите домаќини, Американците приредија целосна забава. Во друштво на дел од претставниците на трите земји, на улиците се собра народ и секако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино кој убаво се вклопи во целиот ТВ спектакл.