ФИФА ги одложи Мундијалите за играчи до 17 и 20 години

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) реши да ги одложи Светските првенства за фудбалери до 17 и 20 години, кои требаше да се одржат во 2021 година. 

Наместо двете да се одиграат идната година, тие се одложени за 2023 година и тоа за помладите играчи ќе се игра во Перу, додека за младинците до 20 години во Индија според првичниот план. 

Пандемијата со коронавирусот веќе одложуваше бројни настани, како што беше Европското првенство во фудбал оваа година и Олимписките игри, но тие се презакажани за следната.

Сепак, од ФИФА сметаат дека додека целосно не се стабилизира ситуацијата нема потреба од непотребни ризици со помладите фудбалери.