ФИФА ги избра судиите за СП во Катар, за првпат шест жени

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) назначи 36 главни судии, 69 помошници и 24 ВАР судии за Светското фудбалско првенство, кое во ноември и декември оваа година ќе се одржи во Катар. За првпат во историјата на Светските првенства делегирани се дури шест судијки.

Избраните судии од шесте конфедерации на ФИФА, беа одбрани врз основа на нивниот квалитет и перформанси на турнирите на ФИФА, како и на други меѓународни и домашни натпреварувања во последните години, соопштија од Нион.

„Како и секогаш, критериумот што го користевме беше „квалитетот на прво место“, а избраните претставници претставуваат највисоко ниво на судење во светот. Светското првенство во 2018 година беше многу успешно, делумно поради високиот стандард на судење, и ќе дадеме сè од себе да бидеме уште подобри за неколку месеци во Катар“, рече претседателот на Комитетот за судии на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

Избраните официјални лица ќе учествуваат на неколку семинари (Асунсион, Мадрид и Доха) на почетокот на летото, прегледувајќи и анализирајќи видеа од ситуации на реални натпревари.