• Саше Љолес
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) изрече казна за Српската фудбалска федерација поради расистички извици и недолично однесување на навивачите на квалификацискиот
Во соопштението на федерацијата се наведува дека биле нарушени членовите 15 и 17.2 од правилникот на ФИФА, што автоматски значи дека на следниот меч кој ќе се одигра во мундијалските квалификации, капацитетот на стадионот ќе биде намален за 15 проценти.
Ова значи дека Србија ќе може да продаде 8.160 билети помалку за натпреварот против Англија, кој треба да се одигра на стадионот на Црвена Звезда, „Рајко Митиќ“.
Дополнително, Српската фудбалска федерација ќе исплати казна во висина од 50.000 швајцарски франци, а во иднина ќе биде под посебен надзор за да не се дозволи повторување на вакви инциденти.
ФИФА воедно ги потсети челните лица на српскиот фудбал да обрнат поголемо внимание на овие ситуации, затоа што во изминатите пет години федерацијата на име казни и санкции исплатила сериозна сума од над седумстотини илјади евра.
ФОТО/PHOTO: Uefa.com





