ВИДЕО: Фиданоски со гол „а ла“ Најденов - од 30 метри го совлада Пачовски!

Екипата на Металург веќе е елиминирана од Купот на Македонија, но и тоа не ги спречи фудбалерите на тимот од Автокоманда да се откажат предвреме.

На „Телеком арената“ во Скопје тимот на Вардар води со 2-1, но Металург постигна вистински еврогол. Стрелец е младиот Теодор Фиданоски, кој постигна гол „а ла“ Бојан Најденов, фудбалерот на Работнички кој на истиот стадион даваше ефектни голови во изминатите кола. 

Членот на Металург успеа да го совлада Томе Пачовски со една бомба испратена од 30-тина метри.