ФФМ закажа редовно годишно собрание на 21 март во Скопје

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, денес донесе одлука редовното годишно собрание на федерацијата да се одржи на 21 март 2020. година во Скопје во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Само пет дена пред историскиот дуел со Косово, делегатите ќе заседаваат на редовна седница.

На седницата беа донесени уште неколку одлуки. Распределени се средствата од дополнителниот УЕФА солидарен фонд на клубовите од ПМФЛ од натпреварувачката сезона 2018/19.

Усвоени се извештаите на постојаните комисии на управниот одбор и буџетот на Фудбалската федерација на Македонија за 2020 година.