ФФМ воведе котизација за ВМФЛ, клубовите револтирани од одлуката

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) воведе котизација за клубовите кои се натпреваруваат во Втората лига - Запад и Исток за сезоната 2021/22, соопштено е во допис доставен до екипите кои ќе се натпреваруваат во рангот.

Сите учесници во ВМФЛ ќе треба да платат по 8.000 евра, а рокот кој треба да го испочитуваат е пред ждрепката за новата сезона, тоа е 10 август. „Куќата на фудбалот“ ја укина котизацијата за претходната сезона на седница одржана во јули 2020 година поради пандемијата со корона вирусот.

Сепак, постои револт кај клубовите од враќањето на котизацијата за оваа сезона, затоа што многумина велат дека чувствуваат последици од финансиската криза поради пандемијата, низ која, како што велат, беа оставени сами на себе кога се говори за функционирањето.

Новата сезона во ВМФЛ стартува пред крајот на месец август.

  • Дописот на ФФМ до второлигашите: