ФФМ со убав гест за јубилејот на шкотската легенда, Барди ѝ подари дрес со бројот 100!

Убав гест на Фудбалската федерација на Македонија пред почетокот на вечерашниот натпревар со Шкотска во Скопје.

Капитенот на шкотската репрезентација, Енди Робертсон, го запиша својот јубилеен 100. настап во националниот дрес, а по тој повод доби пригоден подарок од македонската страна.

Пред стартот на натпреварот, капитенот на Македонија Енис Барди му врачи специјално подготвен дрес со бројот „100“, во чест на големиот јубилеј на дефанзивецот на Тотенхем.

Со настапот против Македонија, Робертсон влезе во одбрано друштво на шкотски репрезентативци со најмалку 100 настапи. Тој е само вториот Шкотланѓанец кој ја достигна оваа бројка, по легендарниот Кени Далглиш. Робертсон дебитираше за Шкотска во 2014 година.

Состави

Гоце Седлоски

3-5-2

    Себастјан Покоњоли

    3-4-2-1