ФФМ со само еден збор го објасни значењето на Горан Пандев за тимот: БОГ!

Горан Пандев ја исполни својата главна цел и следното лето, сосема заслужено ќе игра со Македонија на Европско првенство. Капитенот на селекцијата во многу наврати нагласи дека сонот е да игра на големо натпреварување со реперзентацијата, па ако здравјето го послужи, целта ќе му се исполни. 

На сите им е јасно какво влијание има Пандев врз своите помлади соиграчи, а Фудбалската федерација на Македонија со еден единствен епитет го објасни струмичкиот лидер на оваа селекција. 

  • Објавата на Фудбалската федерација на Македонија:

Пандев настапува во екипата на Џенова и мора да се надеваме дека ќе го одржи нивото и непосредно пред својот 38 роденден, со успех да ја предводи Македонија на историско Европско првенство.