ФФМ мора да именува претседател најдоцна до 19 јануари

Кога на 19 јули Илчо Ѓорѓиоски си поднесе оставка од местото претседател на Фудбалската федерација на Македонија, се предвидуваше дека брзо ќе биде именуван неговиот наследник. Сепак, и по три месеци федерацијата ја води в.д. претседателот Сејдини, а согласно член 93 од статутот на ФФМ  тој може да раководи со македонската фудбалска централа најмногу уште три месеци.

Дефинитивно до 19 јануари 2019 година мора да биде избран новиот претседател, а денес изгледа многу нејасна процедурата за избор. Дилема е дали претседателот ќе биде избран преку едно или две собранија. Најнапред треба да биде менуван статутот, односно некои членови од него, како не би дошло до судир со кандидатурите, уставот и собранието. Дури потоа ќе бидат валидни кандидатурите на Костов, Хаџиристески и Станојковиќ .

Во овој момент изгледа како дилема кога и како ФФМ ќе закаже собрание и кои точки ќе бидат на дневниот ред. Извесно е сепак дека оваа есен ќе биде припремен терен за избор на нов претседател, кој ќе ја презеде раководната палка од Mуамед Сејдини.

ФФМ ќе избере нов претседател по Иванов, Арнаудов, Хаџиристески и Ѓорѓиевски, кои ја водеа федерацијата од осамостојувањето.