ФФМ ќе му помогне на женскиот фудбал со 10.000 долари за секоја екипа

Коронавирусот предизвика финансиски проблеми во спортот, па затоа федерациите се обидуваат на секој начин да им помогнат на клубовите.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес донесе одлука да им додели по 10.000 долари на сите екипи во Првата женска лига. 

„Во насока на создавање на стратегијата за развој на женскиот фудбал на овој начин даваме дополнителна поддршка и поттик за женските клубови од Првата лига да продолжат со напредокот преку оваа помош пред сѐ во логистичка смисла. Нашата федерација навистина се труди и издвојува средства за развој на женскиот фудбал, но треба да бидеме реални - клубовите се темел за подобри резлутати и со поголема ангажираност и сериозност во работата ќе придонесат за напредок во иднина. Клучно за сите нас е да напредуваме од година во година, женскиот фудбал е специфичен, посебно кога се работи со млади категории, но важно е да покажеме дека се третира на вистинско ниво и ќе продолжиме во таа насока“, вели генералниот секретар, Филип Поповски.

Македонската федерација се погрижи женската лига да се одвива без проблем и ги презеде сите трошоци за организација на натпреварите во првиот дел од тековната сезона.