ФФМ ја одреди ждрепката: Кои ќе бидат „лаки лузерите“ за ВМФЛ?

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одреди датумот за ждрепката по кои ќе бидат познати уште два второлигаши и ќе бидат формирани учесниците во сезоната 2023/24.

Новаци, Осогово и Влазрими се екипите кои ги загубија баражите. Но, тие ќе имаат шанса да бидат „лаки лузери“. Поточно, две од трите екипи ќе добијат второлигашки статус. Ситуацијата ќе се одреди преку ждрепка, која ФФМ ја закажа во вторник попладне.

Од претходно, Вардар Неготино, Тетекс и Башкими обезбедија второлигашки статус и им се приклучија на Победа, Скопје, Пелистер, Детонит Плачковица, Беса, ГФК Охрид, Арсими, Кожуф, Беласица, Караорман и Саса.