ФФМ им одзеде по еден бод на второлигашите Победа Валандово и Новаци

Фудбалската Федерација на Македонија им одзеде по еден бод на два второлигаши заради тоа што младинските екипи не одиграа три натпревари, па заради тоа беа дисквалификовани. 

Победа Валандово во источната и Новаци во западната група пролетниот дел од Втората лига во февруари следната година ќе го започнат со еден бод помалку, со што уште повеќе ќе си ја загрозат ситуацијата во борбата за опстанок. 

Со оваа одлука ФФМ цврсто стои до залагањето клубовите да ги развиваат младинските категории, без разлика дали настапуваат во Првата или двете Втори лиги.