ФОТО: ФФМ и прволигашите пак на иста маса, ќе има ли конечна одлука?

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по вторпат за само неколку дена ги собра прволигашите и заедно ја кројат судбината на сезоната во Првата македонска фудбалска лига. 

Откако првиот состанок беше повеќе од информативен карактер и клубовите се запознаа со ситуацијата создадена од корона-кризата, на денешниот најверојатно ќе се донесат и неколку одлуки, кои директно ќе влијаат на прволигашката сезона. 

Исто така, на денешниот состанок е биде детално претставен безбедносниот протокол од страна на врвен еподемиолог, па потоа ФФМ, заедно со клубовите ќе треба да донесат конечна одлука.

Едно е сигурно, шампионатот нема да се одигра во целост, затоа што преостануваат 13 кола, и сега се бараат алтернативи на кој начин Македонија да добие фудбалски шампион оваа сезона.